Википедија на црногорски јазик засега не може да биде одобрена бидејќи јазичкиот комитет на Википедија (LangCom) дал негативно мислење. Од комитетот аргументираат дека црногорскиот јазик, како српскиот, хрватскиот и бошњачкиот, е гранка на српско-хрватскиот јазик, оценувајќи дека постоечките Википедии на тие три јазици се разбирливи за сите четири народи.
Таа информација ја нагласи во интерју за Побједа, публицистот Слободан Јовановиќ кој е дел од тричлен тим задолжен за воспоставување Википедија на црногорски казик.
Тоа го доживуваме како дискриминација. Црногорскиот тим директно со поддршка од институции во државата ќе се обрати до основачот на Википедија со „многу силна аргументација”, наведе Јовановиќ.
Тој додава дека иако Википедија спаѓа во институција што е слободна и не е поврзана со државни институции, сметаат дека е многу важно Црна Гора да биде вклучена во тој процес.
Comments are closed for this post.