20 години подоцна излегуваат нови информации за бомбардирањето на НАТО врз Србија. Во книгата Воен херој“ на норвешките автори Ханс Петер Ос и Ролф Видерое се открива дека во акцијата на НАТО цел било да се ликвидира Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Аркан бил сметан за легитимна цел бидејќи од Хашкиот суд бил обвинет за воени злосторства. Во првите денови од бомбардирањето НАТО имале информација дека Аркан и Цеца се наоѓаат во хотелот Југославија. Хотелот бил гранатиран но по грешка пилотите на НАТО ја погодиле и амбасадата на Кина што се наоѓа во непосредна близина. Потоа изби голем дилломатски скандал по што НАТО мораше да се извинува.
Comments are closed for this post.