Во јули во Грција била регистрирана највисока температура, најсилен ветер и најголем број молњи, според метеоролошката служба на Националната опсерваторија во Атина, која ги објави најважните карактеристики и рекорди за летните месеци јуни, јули и август во однос на највисоката измерена температура, најсилниот ветер, најголемата количина на дожд, како и најголемиот број молњи.
Највисоката температура 41,9 степени била измерена на 8 јули во близина на Лариса, а во поширокиот регион на Атина четири дена претходно достигнала до 39,5 степени.
Ветер со јачина од 132 километра на час бил регистриран во Неос Мармарас на Халкидики на 10 јули, што беше и причина за големото невреме во кое животот го загубија седум лица, а беа повредени 23.
Во однос на молњите, за време на летните месеци биле регистрирани 123.000, од кои најголемиот број се во јуни, околу 68.000, во јули 46.500, а во август само 8.500.
Најголемо количество дожд на дневно ниво е регистрирано во близина на градот Волос, 105 милиметри.
За време на летните месеци, Грција беше зафатена од бурата „Андиноос“, во периодот од 14 до 17 јули, која беше проследена со молњи и ниски температури.
Comments are closed for this post.