Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои две деца на возраст од 9 и 14 години се скарал со сопственикот на локалот Мирко Вулетиќ (42) поради палењето на бадниковото дрво но и поради некои жени , пишува „Курир.рс“
Да потсетиме, Мартиновиќ го изврши новогодишното злосторство по тепачка во кафеана која кулминираше со уште едно масовно убиство во главниот град на Црна Гора.
Се скарале каде годинава ќе се пали бадниковото дрво со оглед на тоа што со Цетиње „владеат“ две црковни струи, српската и непризнатата црногорска.. Аца Мартиновиќ во еден момент почна да го кажува своето мислење и наводно добил бројни критики врз основа на искажаните ставови што не им се допаднало на останатите гости во кафеаната.
Крајот го знаеме сите.
Comments are closed for this post.