Премиерот на Албанија Еди Рама во вторник на 10-ти јануари во Тирана ќе ги собере на состанок лидерите од албанските политички партии во Македонија.
Како што пишува Zyrtare.net, покана за средба добиле претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Движењето Беса, Билал Касами и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.
Не се знае која е причината за свикување на оваа средба од страна на премиерот Рама, но таа доаѓа во клучен момент кога во Собранието мора да се изгласаат уставни измени.
Тиранската платформа беше потпишана на Божик 7 јануари. Тогаш партиите од албанскиот блок потпишаа дека ќе биде формирана влада само со онаа политичка партија која во целост ќе ја прифати и потоа примени т.н. Тиранска платформа.
Comments are closed for this post.