Францускиот претседател Емануел Макрон кој в понеделник ќе дојде во официјална посета на Србија ќе биде обезбедуван на највисоко ниво и ништо нема да се остави на случајноста. Членот на светската асоцијација на шефови на полиции, Марко Ничовиќ, за „Курир.рс“ открива дека Макрон е еден од најдобро чуваните државници во светот.
За неговата заштита се грижат и експерти од фармација, медицина и хемиско оружје.за да спречат опасност од труење со храна или допир со предмети. Безбедносно ќе биде покриено каде ќе спие. Дури ќе донесат и свои чаршави, пешкири, сапуни, шампони-открива Ничовиќ.
Comments are closed for this post.