Во најновиот извештај од Националната агенција за разузнавање на САД, за кој беше дискутирано во Сенатот, се споменува дека оваа година би можело да има конфликт на Балканот. Како што наведува Спутник, Балканот не се споменува за време на дебатата во Сенатот, но информацијата стои во самиот извештај.
Западен Балкан ќе биде под одреден ризик од насилство од ниско ниво и можен отворен воениот конфликт во 2019 година, се вели во извештајот на НСА.
Исто така, во Извештајот се вели дека Русија ќе се обиде да ги искористи етничките тензии и високите нивоа на корупција за да ги спречи земјите од овој регион да се движат кон ЕУ и НАТО.
Коментирајќи во врска со наводите во извештајот, аналитичарот, Александар Павиќ, укажува за Спутник, она што навистина пишува, а тоа е можност за воен конфликт, е реалност од проста причина што за тоа зборуваат американските официјални лица.
Постои добра шанса за тоа, затоа што Америка се јавува како потпалувач и како пожарникар. Ако тие инсистираат и притискаат Србија и Република Српска да влезе во Нато и да по секоја цена се постигне договор со Косово се разбира дека има поголема веројатност за конфликт. Значи, тоа главно зависи од однесувањето на Американците, а потоа и од другите западни сили кои имаат воена, медиумска и финансиска сила на терен тука, истакнува Павиќ.
Констатацијата дека од 42 страни од Извештајот, само две реченици се посветени на Балканот, согоорникот на Спутник не го гледа како помал интерес за Балканот.
Во Извештајот до Европа се издвоени само Балканот, Турција и Велика Британија поради Брегзит. Од тоа произлегува дека тоа се главни проблематични точни, а со тоа руското и кинеско влијание во Европа. Во август Америкаснкиот функционер задолжен за Европа и Евроазија, Вес Мичел наведе дека Балканот, заедно со Украина и Грузија, се места кои се на првата линија на фронтот во борба против руското влијание, вели познавачот на американската политичка сцена.
Comments are closed for this post.