Лидерот на грчката партија МЕРА25 и поранешен министер за финансии во Владата на СИРИЗА, Јанис Варуфакис синоќа бил физички нападнат во ресторан во центарот на Атина, по што бил пренесен во болница и му била дијагностицирана скршеница на носот.
Нападот го осудија грчкиот премиер, грчката претседателка и сите политички партии во земјата, а од МЕРА25 соопштија дека Варуфакис бил мета на „дрзок фашистички напад од провокатори насилници“.
Поконкретно додека вечерал во ресторанот (што често го посетува) група непознати лица влегле во објектот и вербално го нападнале поради меморандумите во периодот додека беше министер за финансии, пред осум години.
-Јанис Варуфакис стана да поразговара со нив. Насилниците веднаш одговорија со насилство и го претепаа секретарот на МЕРА25, соопштија од партијата.
Самиот Варуфакис, преку социјалните мрежи коментираше дека напаѓачите не биле ниту анархисти, ниту левичари, ниту комунисти или пак членови на некое движење, туку најмени насилници и истакна дека сега е важно да не оттргне вниманието од железничката несреќа и 57-те загинати
Comments are closed for this post.