Македонското министерство за надворешни работи попладнево информираше дека добило телефонска потврда од полицијата во Јагодина, Србија, дека во денешната сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, меѓу загинатите има и двајца македонски државјани.
Во верижниот судар на потегот меѓу Ќуприја и Јагодина загинаа седум лица, од кои петмина српски државјани и двајца македонски државјани.
Во сообраќајната несреќа, според информациите на српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.
Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.
Comments are closed for this post.