Двајца босански младенци на својата свадба се испокарале за парите што ги добиле од гостите по што младоженецот веднаш поднел барање за развод.
Оваа необична свадбена прослава се случи во северо-источниот град во Босна и Херцеговина, Градачац, на свадбата на 23-годишниот Един Хуселиќ од Градачац и неговата избраничка Елда Мујчин од Оџак.
Како што пишува весникот „Дневни Аваз“, на свадбената веселба со 300 гости, инцидентот се случил некаде пред полноќ. Според тамошните обичаи, после вечерата, невестата им дели на гостите кафе, а тие ја даруваат со пари. Кога поголемиот дел од парите бил собран, му рекла на нејзиниот сопруг дека ќе ги земе сите пари, бидејќи таа била таа која го делела кафето и ги собрала подароците. Младоженецот рекол дека такво нешто не доаѓа предвид, бидејќи тој ја платил свадбата и подигнал кредит да го уреди нивниот заеднички дом. Невестата, наводно, се обидела да избега со парите, а кога не успеала, ја викнала мајка си и се вратила дома расплакана.
Таа ја зеде корпата, во која имаше околу 5.500 марки (околу 2.800 евра), не знаеме дали се собрале повеќе и дали успеа нешто да земе. Имаме сведоци дека таа се обиде да замине со корпата пари, камерите снимија сѐ – раскажува роднина на зетот.
Младенците пред венчавката биле заедно неколку месеци, а младоженецот поради случувањата на свадбата уште следниот ден поднел барање за развод.
Ова уште не сум го чул, ни доживеал, за тие пари да се искараат младоженците и тоа среде свадба. Се прашувам каква е оваа денешна љубов. Па, зар тие двајца не планираа заеднички живот, деца…- прашува 78-годишен жител на Градачац.
Comments are closed for this post.