Косовски специјалци околу шест часот изутрина упаднаа на Северот на земјата каде што живеат Срби. Специјалната единица РОСУ влегла во Митровица и во уште четири општини и апсат локални Срби кои наводно биле поврзани со криминал. Состојбата е најтензична во Звечани и Зубан поток.
Низ северниот дел на земјата се слушале сирени и пукотници а локалното население е вознемирено. Стигна експресна реакција од Белград каде српскиот претседател Вучиќ нареди подигање на војската и полицијата.
Comments are closed for this post.