Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и првиот човек на општина Никшиќ Веселин Грбовиќ утре свечено ќе го откријат споменикот на сите црногорски комити кои во перииодот од 1916 до 1929 година се бореле за право, чест и слобода на Црна Гора.

Споменикот ќе биде поставен  на Плоштадот Сава Ковачевиќ во Никшиќ. Како што пренесува Танјуг споменикот е дело на вајарот Сретен Милатовиќ. Комбинација е на бел автохтон никшички камен и стакло. Висок е два метри и 80 сантиметри.

Учениците од Никшиќката гимназија синоќа одржаа отворен час по историја на тема “Да се знае кои биле црногорските комити”. Целта на часот била да се окаже клои биле црногорските комити и колкав придонес имале за својата држава.