Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го коментираше хрватското вооружување, купувањето на француски борбени авиони „Рафал“ и праша „кого целат овие авиони“.
– Кои се овие авиони кои полетуваат? На летечки објекти кои по грешка биле лансирани од Украина и отишле на запад? На нашиот источен сосед Србија, кој не може да одлучи кому му припаѓа? Тоа се сериозни дилеми во кои живееме. Затоа приоритет на Хрватска е она што се случува во регионот и амбицијата што поскоро да ја интегрира БиХ во ЕУ – рече Милановиќ
Comments are closed for this post.