Албанскиот претседател,Илир Мета, реагираше по тензичната ситуација на вечерашниот протест на обединетата опозиција, упатувајќи апел протестот да продолжи на мирен начин.
Протестот да продолжи на мирен начин. Избегнувајте конфронтации,порача Мета.
И меѓународните претставници упатија апел да се протестира мирно и да се избегнува насилство.
По тензичната ситуација пред Владата, протестантите идентична ситуација, со пробивање на полицискиот кордон, создадоа пред Парлементот, но по употребата на солзавец од страна на полицијата тие се повлекоа. Има повторно обиди насилно да се пробие полицискиот кордон но не може да се доближат поради солзавецот, кој го фрла полицијата.
До сега има информации за повредени двајца полицајци кои се пренесени во болница.
Има информации и за уништени прозорци на неколку трговски дуќани, во близина на Парлементот.
Во меѓувреме објавена е веста дека премиерот Еди Рама не се наоѓа во Тирана,туку дека отпатувал во офицфијална посета на Кувајт. Тој не беше во земјата и за време на претходните два „народни протести“.
Comments are closed for this post.