Откако грчкиот парламент преку надежната парламентарна комисија даде дозвола за отворање на нов граничен премин, грчки власти објаснија зошто досега не се отворил овој граничен премин кој значаен за жителите од двете страни на границата во реонот на Преспанското езеро.
Алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу објаснува дека спорот за името досега беше главна пречка овој граничен премин повторно да проработи
Во 1959 за време на владата на Караманлис се отвори овој граничен премин, а беше затворен за време на хунтатат во 1967. Оттогаш жителите бараат отворање на овој пат што ја поврзува Грција со Северна Македонија. Не е вистина дека немаше проблем во односите и не беше потребен Договорот од Преспа. Да потсетам дека Конвенционалната рамка меѓу Грција и тогаш, поранешната југословенска Република Македонија, беше рамката Грција- Југославија, рече Анагностопулу.
Comments are closed for this post.