Томислав Крешовиќ, публицист и политички аналитичар, изнесе шокантни но и непроверени информации за синот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, Марко Милошевиќ, за кој тврди дека е на чело на сериозен руски картел.

Марко Милошевиќ сега е еден од меѓународните шефови на руската мафија меѓу Азија и Европа. Тој води сериозен мафијашки картел. Марко се враќа-изјави Крешовиќ.

 

Крешовиќ тврди дека Марко сега течно зборува руски и дека е под око на руското обезбедување како син на поранешниот претседател на Југославија.

– Впрочем, мајка му живееше таму. Таа живееше во Барвиха. Тоа е руското Дедиње, а од пензијата не можела да живее таму – изјави Кресовиќ.