Партија која ги претставува Македонците во Грција, Виножито (Уранио оксо) ќе учествува на изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат на 26 мај.
Европските избори во земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, изборите ќе ги спроведат меѓу 23 и 26 мај.
Партијата на Македонците во Грција, која е дел од групата АЛДЕ (Слободна алијанса) го помина филтерот на Врховниот суд и таа ќе биде една од 40. партии кои во ги исполнија условите за европските избори. Виножито е 31 партија на списокот.
Партискиот спектар е многу различен, – од традиционалните десничари Нова демократија, левичарите како СИРИЗА, но и фашистичката Златна зора, марксисти-ленинисти, Бела христијанска Европа…се партиите кои го поминаа филтерот.
Виножито и претходно учествувала на европски избори, но секогаш имала опструкции во кампањата.
Десет партии не го поминаа филтерот.
Comments are closed for this post.