Македонски државјанин дивеел со 254 километри на час вчера на автопатот А3 кај Нова Градишка, Хрватска, додека полицијата не го запрела, пренесе „Хина“

Бродско-посавската полиција го запрела 31-годишниот „рекордер“ вчера околу 12:45 часот. Тој бил исклучен од сообраќа, добил парична казна и забрана за управување на возило од Б категорија еден месец.

Македонецот возел БМВ со германски регистерски таблички, на место каде брзината е ограничена на 130 километри на час.