Повеќе од 200 Македонци со бугарски пасоши биле уапсени во Италија, објави италијанскиот весник „La Stampa“. Како што пренесуваат бугарските медиуми тие извадиле бугарски пасоши за да можат непречено да работат во земјите од ЕУ.
Лажните Бугари, како што ги нарече „Ла Стампа“, биле фатени наутро по гаќи во саботата наутро во различни места во областа Пиемонт.
Тие биле фатени во Алзеј, Астиџан и Невести. Италијанската полиција работеше на овој случај од минатата година. Се започна со фаќање на двајца мажи и две жени во мај 2018 година. Тие имаа лажни бугарски документи кои ги открија италијанските карабинери.
Заробените Македонци се на возраст меѓу 22 и 53 години. Полицијата во Италија го бара мозокот на групата, некаде на границата меѓу Бугарија и Македонија.
Comments are closed for this post.