Гатачка од Лесковац е уапсена откако во неколку наврати измамила сограѓани. Таа им ветувала дека ќе им го симне проклетството кое врз нив е фрлено ако им го даде накитот на чување. Лековерните и поверувале и таа дошла во нивниот дом за да го земе накитот со ветување дека ќе им го врати за неколку денови „исчистен“ од секакви проклетства.

На луѓето им станало сомнително кога по неколку дена ја барале на телефон од гатачката немало ни трага ни плас па пријавиле во полиција. 21 годишната гатачка е уапсена и кај неа бил пронајден накит во вредност од околу 10.000 евра.