Бугарската полиција во голема акција заплени над 750.000 левови кои припаѓале на лица кои биле даночни затајувачи. Парите биле пронајдени во сеф во банка кој не гласел на ниту еден од уапсените.
Покрај тоа пронајдени се и 120 монети со ликот на Ататурк. Интересно е што сопствениците на фирмите користеле сиромашни луѓе на кои ќе се водат сефовите а за возврат добивале минимален износ.
Comments are closed for this post.