Косовската Влада, на седницата која што е во тек, попладнево ја разгледува можноста за воведување нови економски санкции кон Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според косовските медиуми, во тек е расправата во Владата за предлогот да се воведе нова такса на увозот на меѓунаордни брендови од Србија.

Со одлуката на Владата на Рамуш Харадинај од 21 ноември, меѓународните брендови беа исклучени од таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина.