Комесарот за проширување Јоханес Хан секаде во регионот ја пее истата песна. Ако за Македонија се чини дека промената на името не е единствениот услов за членство во ЕУ тоа важи и за Србија за прашањето за Косово.

Тој е дециден дека пред членството во ЕУ, Србија ќе мора да склучи траен договор за регулирање на односите со Приштина, но дека тоа не е доволно.

Изгледа дека политичарите имаат впечаток дека Косово е единствен предуслов за патот на Србија кон ЕУ. Тоа не е случај. Спроведување на реформите во области на вледеење на правото останува во фокусот на проширувањето-вели Хан.