Косово е неуспешен експеримент на Западот, тоа што и некогашните промотори на бомбардирањето на Југославија го признаваат. Ова го тврди австрискиот експерт Ханес Хофбауер кој со книгата „Експеримент Косово“ ја затресе европската јавност.

Според него, намерата беше да се создаде уште една албанска држава на Балканот но оти се виде дека тоа не е можно и сега единствено решение е промена на границите.

Со воена интервенција од пред речиси 20 години и прогласувањето на независност се доби можност тоа да се легализира. Меѓутоа половина свет ја следи таа политика а половина не. Дури и во ЕУ постои поделба околу признавањето на Косово. Тоа е неуспех и тоа го признаваат-анализира Хофбауер.