Никос Коѕијас денес претпладне на официјална церемонија функцијата министер за надворешни работи му ја препупшти на премиерот Алексис Ципрас со порака дека е среќен што постои напредок за договорот за името со Македонија. Тој притоа им изрази лична благодарност на Заев, Димитров и на 80. пратеници кои гласааа за уставни измени во македонскиот парламент.
„Му благодарам на премиерот кој ми ја даде честа и можноста да се справувам со проблемите во надворешната политика. И покрај сите грешки што ги направив си заминувам, Ммслам дека оставам посилна земја од таа која ја презедов“, рече Коѕијас, кој речиси сигурно кариерата ја продолжува на универзитет.
Ципрас му искажа многу пофални зборови, го истакна неговиот патриотизам и подвлече дека си заминува на денот кога има причина да се славата две нешта – договорот со Скопје и буџетот кој во Брисел е прифатен без притоа да се кастрат пензиите.
Во однос на прашањето со тајните фондови, Коѕијас рече дека секоја земја која се почитува себе си мора да има надворешна политика кја се поддржува. „Оттука, специфини фондови се неопходни иако некои не се согласуваат со тоа. Ние немам еништо за криење како ги трошиме парите на даночните обврзници во Грција за да ја зајакнеме нашата надворешна политика. Такво нешто на ова место не е нaпpавено со години“, потенцираше Коѕијас.
Comments are closed for this post.