Албанските власти денес потврдија – утрината на полицијата и се предал Клемент Балили, познат како „Балканскиот Ескобар“.
Веста јавно ја објави поранешниот премиер Сали Бериша, а потоа неа ја потврди и полицијата.
По Билали во декември 2016 година беше распишана меѓународна потерница, а беше баран за трговија со дрога. Во моментот кога беше објавена потерницата тој беше директор за транспорт во Саранда. Тој има имоти и бизниси во тој приморски град. Последната операција за негово апсење беше спроведена во 2016 година, но не беше успешна.
Во 2017 година албанската полиција заплени голем имот на „Балканскиот Ескобар“. Тогаш десетина полицајци упаднаа во комплексот „Санта Кваранта“, комплекс во Саранда, откако претходно беше издаден судски налог за конфискување на имотот.
Балили (44) во 2016 година од меѓународни претставници беше посочен како шеф на голема мрежа на шверц со марихуана од Албанија за земји во ЕУ.
Comments are closed for this post.