Унгарија и Србија го градат најмодерниот, најголемиот, најбезбедниот и најбрзиот граничен премин во Европа, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
„Патниот премин Реска (Хоргош 2) е исклучително фреквентен.
На сите ни се познати слики од долги колони камиони и автомобили. Не сакаме тоа да биде случај во иднина“, рече тој.
Министерот најави дека српскиот и кинескиот партнер ќе размислат како што поскоро да се изгради нафтовод меѓу Унгарија и Србија, со цел да се зголеми безбедноста на енергетското снабдување на двете земји и на целиот регион, пренесува МТИ.
Comments are closed for this post.