Населбата Хрисопули во Кавала денес е во шок откако синоќа во расправија меѓу соседи две лица смртно биле застрелани, а уште најмалку две полесно биле повредени.
Грчки медиуми велат дека соседите имале жолчни расправии и порано, но синоќа злото отишло до крајна линија. Расправијата почнала за еден паркиран камион, на што реагирала постарата соседска (67 години). Потоа таа со нејзиниот син отишле кај соседот и сопственик на камионот да му се пожалат, а тој без многу размислување и двајцата ги убил со пушка. Несреќниот маж (42) оставил зад себе две малолетни деца.
Убиецот, кој исто така имал 42 години,во соседството важел за проблематичен човек кој често се карал и им дофрлувал невкусно зборови на жените и честопати ги нервирал соседите со пуштање гласна музика.
Полицијата го обвини за двократно убиство и за нелегално поседување оружје.
Погребот на мајката и синот ќе се изврши денес, објави „Ефимерида“.
Comments are closed for this post.