Доаѓањето на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој е лидер на националистичката парија ВМРО-БНД, да промовира книги за Тодор Александаров и полковник Дранго, ги разбранува духовите во Битола. Пред почетокот на промоцијата за влакно беше избегнат инцидент, а и Сојузот на борци од Битола бараше да не му се дозволи да ја промовира книгата во Битола.
Од сознанијата што ги имаме, тој ќе зборува на тема што не одговара на интересите на македонскиот народ. Ќе зборува дека ние сме бугарски Македонци, што е спротивно на нашите интереси и на сè она што ја гради нашата земја. Ние ја поведовме НОБ, а тие сакаат да прикажат дека доброволно дошле во нашата земја, а не како окупатори. Не сакаат да сфатат дека од 25.000 жртви, 90 проценти се загинати во борба со фашистичка Бугарија. Да не се користи демократијата во други цели, кои се спротивни на нашиот интерес. Нека дојде во Битола, но не да зборува против македонските интереси“, рече Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола, пренесе СДК.
Каракачанов дојде во Битола да промовира книги на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола.
Додека Каракачанов даваше изјава за новинарите, велејќи дека историјата е јасна кој е Гоце Делчев, битолскиот музичар Славчо Спировски му се приближи и почна да му реплицира на повисок тон дека Делчев се борел за независна Македонија, а не за Бугарија. По, ваквата реакција, дел од луѓето кои беа до Каракачанов го истуркаа на страна.
Comments are closed for this post.