Министерството за цивилна заштита на Грција објави повик за добивање понуди за изнајмување туристички објекти и станбени комплекси, со цел сместување на граѓани на трети земји, баратели на азил.
Министерството бара понуди за хотели, хотелски комплекси, опремени соби – апартмани, организирани туристички кампови со бунгалови и слично со најмалку 20 кревети и станбени објекти со квадратура што може да обезбеди сместување на најмалку 20 лица, низ цела Грција, со исклучок на северниот и јужниот дел на Егејското море.
Закупот е за шест месеци, со можност за продолжување за уште шест месеци од страна на Министерството.
Повикот од Министерството за цивилна заштита на Грција, кое е надлежно за мигрантското/бегалското прашање, доаѓа во период кога голем дел од грчките острови се пренатрупани со бегалци и мигранти, бројка што е неколку пати поголема од предвидениот капацитет на прифатните центри.
Comments are closed for this post.