Во голема акција на австриската полиција разбиена е ќелија на мексиканскиот картел „Синалоа“. Групата ја раководеле Срби а имало и Германци и Филипинци. „Синалоа“ е картел со кој до апсењето раководеше мексиканскиот нарко бос „Ел Чапо“.

Групата од продажба на дрога досега заработила стотици илјади евра, а при апсењето пронајдени се фалсификувани документи и оружје.

Пратките дрога биле нарачувани преку т.н даркнет, односно илегален интернет а се плаќала преку фалсификувани документи и криптовалути.