Бизнисменот Ракип Роли е убиен утрово додека возел автомобил во албанскиот град Лац. Според неофицијални информации, 55-годишникот возел автомобил кога кон него било пукано од автоматско оружје.
Рали изгубил контрола над автомобилот, се судрил со друго возило и починал на лице место. Полициските служби го опколија местото на злосторството, а, како што се наведува, се работи на целосно разоткривање на настаните, за да се фатат сторителите.
Жртвата бил познат како бизнисмен кој тргувал со градежен материјал. Неговите синови Емилијано и Исуф Роли беа обвинети за трговија со дрога во 2017 година.
Comments are closed for this post.