Заврши двочасовниот итен состанок помеѓу претставниците на ХАЛМЕД, шефот на ХЗЈЗ, Крунослав Цапак и министерот за здравство Вили Берош, на кој беше разгледана истрагата за смртта на мажот (33) од Сисак, кој почина 12 дена откако беше вакциниран со АстраЗенека.
Како што дознава порталот Индекс, човекот бил вакциниран на 5 март во Сисак, со првата доза на АстраЗенека. Починал утрово во болницата Ребро во Загреб.
Првите два до три дена по вакцинирањето имал треска, но после тоа се чувствувал добро. Проблемите се појавиле девет дена откако ја примил вакцината. Тестовите утврдиле дека има крварење во надбубрежната жлезда.
Инаку, намалувањето на бројот на тромбоцитите, задолжени за згрутчувањето на крвта, се споменува како можна последица од вакцинацијата АстраЗенека. Околу половина од земјите на Европската унија поради сомневања за сериозни несакани дејства од вакцината прекинаа со употреба на вакцината произведена од компанијата АстраЗанека.
Comments are closed for this post.