Најавените мешовити полициски патроли на италијанската и словенечката полиција, кои треба да започнат да дејствуваат наредната недела на заедничката граница, со цел запирање на илегалните мигранти, се само првиот чекор во планот на италијанскиот потпретседател Матео Салвини да постави бодликава жица на границата, пишува словенечки „Дневник“.
Хрватската агенција Хина објави дека Салвини ги вознемирил Словенците со изјавата дека Италија на источната граница со Словенија може да постави физички пречки во вид на бодликава жица доколку не бидат запрени илегалните мигранти кои во Италија пристигнуваат по балканската рута.
Салвини изјави дека мигрантите од Словенија во областите околу Трст и Горица доаѓаат пеш, а мешовитите патроли на италијанската и словенечката полиција треба да го спречат тоа.
– Но, ако тоа не е доволно, на границата ќе поставиме заштитни бариери – изјави синоќа Салвини
Comments are closed for this post.