Новинарката на Пинк, Ксенија Вучиќ и сопственикот на таа телевизија, Жељко Митровиќ, првстепено се осудени во Високиот суд во Белград за пласирање на невистини за малолетникот Д. Ѓ., кој од наведените на протестот на идните средношколци пред Министерството за образование, беше обвинет дека ја запалил сликата на министерот Младен Шарчевиќ.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, според пресудата, Ксенија Вучиќ, Жељко Митровиќ и ТВ Пинк се должни на име на нематеријална штета, поради повреда на правото на презумпција на невиност, правото на достоинство на лицето, правото на автентичност и правото и интересите на малолетниците, на малолетникот Ѓорѓевиќ да му уплатат 200.000 динари со затезна камата.
-Дека режимот на Александар Вучиќ и неговата медиумска пропаганда ништо не му е свето, па дури и злоупотребата на малолетници за справување со политичките неистомисленици, потврдува и случајот со минатогодишната брутална медиумска пропаганда против нашето семејство, предводена лично од Ксенија Вучиќ, поранешна сопруга на Александар Вучиќ, заедно со сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ. За среќа на оние кои сè уште веруваат во можноста за демократија и слобода во Србија, овој немил настан доби позитивен епилог пред судот, се наведува во соопштението на родителите Соња и Млаѓан Ѓорѓевиќ, кој е и претседател на движењето „Ослободување“.
Comments are closed for this post.