Огромниот и амбициозен кинески проект 16+1 по се изгледа дека ќе им создаде дополнителни главоболки на блокот ЕУ земји затоа што по Италија сега голем интерес за влегување во „пакетот“ покажува и Грција.
Кинеските инвестиции се интересни не само за земјите од Централна и Југоисточна Европа, кои се во проектот 16+1, туку најпрвин Италија изрази сериозна желба за соработка со Кина, а од денес се очекува Грција и официјлано да стане дел од тој проект, објави „Фајненшел тајмс“ повикуваќи се на дипломатски извори.
Се очекува во текот на денот додека трае самитот во Дубровник да се обелодени писмото на грчкиот премиер Алексси Ципрас во кое тој бара да стане дел од 16+1.
Comments are closed for this post.