На почетокот на мај, хрватската влада донела одлука да донира 30.000 дози вакцина на Босна и Херцеговина и по 10.000 дози на Црна Гора и Косово.
По средбата со нејзиниот хрватски колега Вили Берош, Боровиниќ Бојовиќ се заблагодари за „големиот пријателски гест и големата солидарност“.
Донацијата од 10.000 дози вакцина ќе биде „многу значајна во процесот на масовна вакцинација што моментално се одвива во Црна Гора“, рече црногорската министерка.
Берош истакна дека на овој начин, Хрватска „покажа грижа за околните земји“.
„Се надевам дека барем малку придонесовме во борбата против оваа болест“, рече Берош.
Берош и Боровиниќ Бојовиќ разговарале и за соработка во програмата за трансплантација, а црногорската министерка посочи дека Хрватска „изрази особено добра волја и желба да ни помогне во решавањето на тој проблем“.
Таа додаде дека разговарале и за потпишување на меморандум за соработка што ќе им овозможи на црногорските лекари да се усовршуваат во Хрватска, која е на „завидно високо ниво“ во однос на трансплантациите.
Програмата за трансплантација во Хрватска „оживеа“ и е призната надвор од земјата, рече Берош.
Хрватскиот министер за здравство посочи дека соработката со искусни тимови е „најдобриот начин за имплементација на таквите системи“ и дека Хрватска е подготвена да ѝ помогне на Црна Гора во тој поглед.
Comments are closed for this post.