Поранешната државна секретарка во српското МВР Дијана Хркаловиќ имала за задача по секоја цена да го елиминира водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ, пишува „Република.рс“.
Таа била изведувач на работите за Велимир Беливук кој е соработник на Кавачкиот клан и преку кој се шверцувала дрогата низ Балканот и Европа.
Јовица Вукотиќ беше уапсен во Турција во август 2018 година и Хркаловиќ експресно долетала во Анкара со цел да го земе во Србија иако таму практично нема направено никаков прекршок, освен фалсификувано патна исправа, во случајот македонска. Иако него го бараше и Црна Гора тој не беше испорачан таму.
Вукотиќ самиот призна дека има македонски пасош кој го набавил во Црна Гора и за него платил 15. од 25.000 евра. Тој стана Георги Андонов, а за тоа премиерот Заев и МВР велеа дека немаат појма.
Хркаловиќ се терети дека била осмислувач на групата која во затворот во сакале да го убијат Вукотиќ со цијанид додека тој бил во притвор во Белград. Во групат били еден Македонец, извесен Марјан Димитријевски. Тие преправени во полицајци ја пресретнале сопругата на Вукотиќ и сакале да и подметнат цијанид во храната што ја носела за сопругот.
Comments are closed for this post.