Секогаш сум против размена на територии но ќе се залагам Прешево да припадне на Косово, изјави претседателот Хашим Тачи за „Радио Слободна Европа“.

Тој вели дека поддржува корекција на историската неправда на Албанците во Прешево, Медвеѓа и Бујановац и оти работи на тоа тој дел да се припои кон Косово.

Тоа го претставив на самитот на лидерите на Западен Балкан. Собирот не донесе некаква нова идеја но не ни затвори идеја за која се дискутираше вклучително и таа за Прешево, Медвеѓа и Бујановац.