Рудина Хајдари, претседателка на парламентарната група на демократите, опозиционерка која не му се приклучи на лидерот Љуљзим Баша и не го „изгоре“ својот мандат, денес реагираше на Фејсбук на написите во германски „Билд“ во врска со скандалот со прислушувани разговори. Во нив „Билд“ открива врски меѓу власта на Еди Рама и мафијата, односно буквално пазарење за гласови.
Хајдари ова го објасни исто како со состојбата во соседна Македонија и соборувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, објави „Панорама“.
„Откритието на истражувачката новинарска мрежа БИРН и на Гласот на Америка, а потоа превземено и од „Билд“ за прислушување покажува промена на стратегијата што се однесува до ова прислушување, кое тактички беше користено како метод во Северна Македонја за соборување на Владата, што и се случи со Владата на Груевски“, пишува Хајдари.
Според неа, објавувањето на таквите материјали (70 це-диња снимени разговори) има поддршка во германскиот Бундестаг за соборување на Владата на Рама, а за чудо, според неа, е што во целиот случај е заобиколен опозицискиот лидер Љуљзим Баша.
Comments are closed for this post.