Грчките медиуми пишуваат дека премиерот Зоран Заев за само 24 часа направил два инциденти спротивни на Договорот од Преспа.
Според „Прото тема“, Заев продолжува да ја нарекува земјата „Македонија“ а не со новото име „Северна Македонија“ и со тоа веќе почнал да ја прекешува спогодбата меѓу двете земји.
Според весникот, првата грешка Заев ја направил кога веднаш по ратификацијата на Договорот од страна на Грција го употребил зборот „Македонија. Втората пак бил на Твитер кога во коментар од собирот во Давос напишал дека „Македонија е дел од глобалниот демократски свет“
Comments are closed for this post.