Свештениците во Грција не се согласуваат да се откажат од статусот на државни службеници. Светиот синод на Грчката православна црква гласаше против предлогот за кој се договорија премиерот Алексис Ципрас и поглаварот на црквата Јероним.
Острата реакција на свештениците се базира на несигурноста на нивните работни места, како и на промените во статусот при пензионирањето, со што се доведуваат во прашање нивните приходи.
Архиепископот Јероним посочи дека е отворен за дијалог со владата, но не и ѕа статусот на свештениците.
Советот на грчките свештеници се уште не донел одлука за формирање на фонд за црковните имоти, со кој се предвидува поделба на приходите меѓу црквата и државата. Владата од овој фонд очкува солидни приходи.
Comments are closed for this post.