Со тапани и знамиња од Вергина околу 100.000 Грци се собраа во Атина против договорот од Преспа со кој треба да се стави крај во спорот меѓу двете земји. Пред Синтагма денеска беше опасно и тензично бидејќи има судири меѓу маскирани лица, припадници на екстремно десничарски групи и полицијата.
Во главниот грчки град пристигнале вкупно 326 автобуси од цела Грција. Меѓу граѓаните има и поддржувачи на „Златна зора” кои на улиците околу грчкиот Парламент фрлија флаери со пораки дека Македонија е грчка.
Група маскирани лица со грчки знамиња, веројатно припадници на екстремно десничарски групи се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот Парламент.
Тие се обидоа да влезат во Парламентот од задниот влез па полицијата беше принудена да употреби солзавец. Демонстрантите возвратија со тврди предмети, шишиња и пиротехнички материјали и бои.
Comments are closed for this post.