Грк бил претепан на плажата Ахлада, во близина на Сарти на Халкидики, само затоа што не сакал да го тргне пешкирот кој го ставил во близина на барот на плажата. Како што пренесуваат српските медиуми му било кажано да се тргне бидејќи се работи за приватна плажа иако сакал да седи на страна односно да не ги користи лежалките на плажата.
Гркот објави и видео на Фејсбук кое го споделија дел од администраторите на страните за одмор во Грцијаа.
Медиумите пишуваат и дека сопствениците на плажите во Грција мора да ги постават лежалките на три метри од морето, што воопшто не се почитува.
Comments are closed for this post.