Околу 100 бегалци и мигранти беа приведени, а три лица уапсени во два одвоени случаи во денешната акција на грчката полиција во атинската населба Ексархија, јави дописничката на МИА од Атина.
Бегалците и мигрантите биле приведени по упадот на полицијата во два објекта кои беа под опсада. Сопствениците имале судска одлука за празнење на објектите, поради што и интервенираше полицијата.
Според грчките медиуми, просториите биле под опсада од јуни и ноември 2018 година. Приведените бегалци и мигранти биле пренесени во полициска станица за да се евидентираат.
Паралелно, во акцијата што започна во три часот утрово, полицијата уапси три лица за поседување и трговија на дрога, а според грчката телевизија ЕРТ, станува збор за албански државјани.
Comments are closed for this post.