Уапсениот поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Томор Морина, кој денеска беше уапсен врз основа на потерница на Интерпол издадена од Србија, може да биде нов повод за заострување на односите на Македонија со соседите.
Шефот на дипломатијата Пацоли очекува ослободување на Морина и нагласува дека потерниците од Србија се бесмислени и без никаква законска основа. Тој нагласува дека се во контакт со властите во Скопје и оти очекува Морина да биде ослободен.
. Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина, учесник во борбите во областа Дукаѓин во Косово, тој е уапсен по барање на Србија, поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово. Српските медиуми пишуваат дека се очекува во наредниот период да се покрене постапка за испорачување на Морина во Србија.
Comments are closed for this post.