Поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ е убиен во 2003 година поради тоа што во 2003 година открил дека од Србија во времето на Милошевиќ се изнесени 3.5 милијарди тогашни марки.
Парите завршиле на Кипар која тие години беше вистинска пералница на пари надвор од контрола на Европската унија.
Ова го тврди хрваткиот новинар Домагој Маретиќ кој информациите ги добивал од Борка Вучиќ, во јавноста позната како „банкарката на Слобо“.
Кога Ѓинѓиќ ја иницирал истрагата не ни помислувал дека таа ќе води кон Загреб и Љубљана и оти тие криеле пари за Милошевиќ и Белград. Тој е убиен поради воено профитерски бизниси-открива Маргетиќ.
Comments are closed for this post.