Поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер би можело да биде именуван за главен преговарач во дијалогот меѓу Белград и Приштина, пишува српскиот весник „Данас“.

Трамп сака да го постави Рикер на оваа функција бидејќи важи за голем познавач на Балканот. 54 годишниот дипломат беше дел од преговорите во Рамбуе во 1999 година, дел од амбасадите во Унгарија и Италија.

Јавноста на овие простори најмногу го запозна како амбасадор во Македонија каде беше од 2008 до 2011 година.