Дали Охридскиот договор ќе дојде во Обединетите нации и дали претходното вметнување на делови од овој документ во преговарачката рамка на ЕУ со Србија ќе ја отвори вратата за Приштина да стане членка на оваа меѓународна организација?,анализираат српските медиуми.
Што би значел Охридскиот договор во поглавјето 35 за Србија:
Со прости зборови, нема членство во ЕУ без признавање на „Косово.Планот на ЕУ е да се прифати Охридскиот договор со согласност на Србија, дури и со деловите што ги српски власти ги отфрлија, односно да биде дел од преговарачкото поглавје со ЕУ, а потоа да се усвои посебен извештај на ЕУ кој би бил проследен до Обединетите нации.
Доколку ЕУ одлучи Охридскиот договор да стане дел од Поглавјето 35 за пристапување на Србија во блокот – што е сосема можно, тоа може да го направи целиот процес на европска интеграција бесмислен.
Преговарачката рамка на Европската унија за пристапување на Србија беше дефинирана со документ кој беше усвоен непосредно пред отворањето на преговорите меѓу двете страни на почетокот на 2014 година. Во него се наведува дека ЕК во текот на целиот процес, почитувајќи ги правилата и процедурите, „може да ги ревидира критериумите“, вклучително и за поглавјето 35, кое го регулира процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Со други зборови, ЕУ има право да ја промени рамката за преговори и во неа да ги вклучи договорите од Брисел и Охрид, доколку се исполнети процедуралните услови – а тоа е консензус на сите земји-членки.
Comments are closed for this post.