Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Тирана, во интервју за Топ чанел, како историски го оцени постигнатиот договор во Охрид, меѓу Белград и Приштина.
– Што се однесува на прашањето Косово-Србија тоа што го имаме во овој договор за нормализација е еден историски договор за пријателски, конструктивни односи меѓу двете страни кои немаа голема меѓусебна доверба, вели тој.
Додава дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД, „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“ и оти без поддршка на Северна Македонија тој не би се постигнал.
– Преговорите се водеа во Македонија и без нивна поддршка тоа немаше да биде возможно. Но, поддржано беше и од владите на Албанија и Хрватска, како и други земји во регионот. Ние ја гледаме многу важната улога на Албанија во регионалната стабилност. Тоа сега и се потврди, изјави Ескобар.
За време на посетата на Тирана од 11 до 13 месецов Ескобар се сретна со претседателот Бајрам Бегај, со премиерот Еди Рама и со претставници на политички партии, Демократската Енкелед Алибеај и на Партијата на слободата Илир Мета.
Comments are closed for this post.